1,5 милиони долари обештетување за човекот кој невин одлежа 46 години затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ричард Филипс, човекот кој повеќе од половина живот, поточно 46 години, помина во затвор за убиство кое не го извршил, ќе добие 1,5 милиони долари обештетување за времето кое го поминал зад решетки.

Филипс поминал во затвор повеќе време од било кој друг невин човек кој неправедно бил сместен зад решетки.

Овој жител на сојузната држава Мичиген беше ослободен од затвор минатиот март, откако друг човек го призна убиството кое го извршил пред речиси половина век.

Ричард Филипс има право на финансиско обештетување од 50.000 долари за секоја година која неправедно ја поминал зад решетки според Законот за компензација за неправедно затворање во Мичиген. Овие финансиски средства не подлежат на оданочување, изјави за CNN неговата адвокатка Габи Силвер.

Исплатата од 1,5 милиони долари покрива околу три децении од неговата затворска казна, бидејќи тој лежел во затвор и поради наводен вооружен грабеж кој Филипс, исто така, го негира. Доколку и за овој случај ја докаже невиноста, ќе добие уште поголемо финансиско обештетување.

„Ова е прекрасна вест и апсолутно е исправна. Иако оваа компензација нема да ги врати 45-те години затвор кои неправедно ги одлежа, искрено се надевам дека тоа ќе му донесе заслужен и исполнет квалитет на животот“, вели локалната обвинителка Вејна Ким Ворти.