28-годишната Лејди Кити, внуката од принцезата Дајана, во врска со 60-годишен милионер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


28-годишната внука од прерано починатата принцеза Дајана, лејди Кити Спенсе, е во љубовна врска со 32 години повозрасниот милионер Мајкл Луис.

Внуката на принцезата Дајана, ќерка на нејзиниот брат, веќе не ја крие од јавноста нејзината љубовна врска со повеќе од двојно постариот милионер Луис. Лејди Кити Спенсер е позната како „распуштена девојка во кралското семејство” , најмногу поради забавите во Лондон со учесниците на ријалити шоуто Made in Chelsea.

Сега, со изборот на партнерот, таа дополнително предизвика уште повеќе коментари во јавноста. Папараците ги снимија на Менхетн во Њујорк како прегрнати излегуваат од ресторан. Иако се смета дека се заедно од минатото лето, овој пат за прв пат е потврдена нивната врска.

Тие се видени и како влегуваат и излегуваат од хотелот „Марк“ во Њујорк, каде Меган Маркл правеше забава со пријателките пред породувањето.

Луис, по потекло од Јужна Африка, е разведен и е татко на три возрасни деца. Неговото богатство се проценува на 80 милиони фунти.

Ерл Спенсер, таткото на Лејди Кити и брат на принцезата Дајана, е шест години помлад од Луис.