30-годишен Македонец се удави кај Дубровник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од водите на Јадранското море, во петокот попладнето, кај областа Бониново, Дубровник, беше извлечено безживотното тело на 30-годишен Македонец.

Во тек е истрага за да се утврдат околностите за оваа смрт, а локалните хрватски медиуми неофицијално наведуваат дека најверојатно станува збор за давење.

Полицијата од Дубровачко-неретванската жупанија соопшти дека нешто пред 13 часот од Јадранското море било извлечено мртво машко тело, а со идентификацијата било утврдено дека станува збор за 30 годишен Македонец со постојан престој во Дубровник.

Локалните портали пишуваат дека полицијата добила дојава од граѓани дека некој се дави во морето во Бониново, па заедно со Итната помош полицајците интервенирале со полициски брод.

Неофицијално дознаваат дека мажот паднал во морето од кое не можел да излезе, а потоа бил извлечен од морето и се уште давал знаци на живот, но подоцна починал.