68.000 евра на левата рака: Азар, друже, курдисај си го часовникот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред 50.000 навивачи кои го наполнија Сантјаго Бернабеу, мајсторот на модерниот фудбал, Eден Азар, беше спекакуларно промовиран како официјално нов играч на Реал Мадрид пред 50.000 навивачи на „Бернабеу“.

Најголемиот клуб во дветот и неговите навивачи му посакаа фантастично добредојде на белгискиот велемајстор.

Азар исто така даде се од себе во новиот клуб да се прикаже во блескаво светло. Но, во таа желба направи и еден гаф кој на шпанските новинари не им избега.

Новиот галактико на Реал на најголемиот ден во неговата кариера носеше луксузен часовник. На раката во текот на церемонијата му блескаше „Richard Mille RM016“ од 18 каратно злато обложен со дијаманти. Овој часовник вреди околу 68.000 евра.

Меѓутоа Шпанците на часовникот забележаа една мана. На местото кое ја покажува датата стоеше бројот осум иако претставувањето се случуваше на 13-ти.