80 години од настанот што го измени целиот свет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешен ден пред точно 80 години, почна најголемиот, најкрвавиот и најужасниот настан во историјата на човештвото, направен од самиот човек. Втората светска војна траеше цели шест години и целосно го измени светот. По победата на сојузниците во војната, започна ера на компјутери, сателити и се создаде нов поредок и институции како Обединети Нации, воени алијанси како НАТО и заедници на држави како Европската Унија.

Причините за војната, кои најчесто се припишуваат на Версајскиот договор, Големата криза од 1929, националсоцијализмот на Хитлер и милитаризмот, се предмет на дебати. На кој датум војната започнала е исто така предмет на расправа, најчесто се смета дека таа официјално започнала со германската инвазија на Полска на 1 септември 1939, но исто така се наведуваат и други датуми – јапонската инвазија на Кина на 7 јули 1937 (почетокот на Втората Кинеско-јапонска војна), или уште порано – во 1931 со јапонската инвазија на Манџурија. Некои, пак, сметаат дека Првата и Втората светска војна се еден конфликт раздвоен само со “прекин на огнот”.


Борби се воделе низ Атлантскиот Океан, Западна и Источна Европа, Средоземно Море или Медитеранот, Африка, Блискиот Исток, Источна, Тихиот Океан или Пацификот и Југоисточна Азија. Во Европа војната завршила со капитулацијата на Германија на 8 мај 1945, а во Азија со капитулацијата на Јапонија на 2 септември 1945.


Се претпоставува дека до 1945 година околу 57 милион луѓе загинале во војната, вклучувајќи геноцид како што е Холокаустот. Втората светска војна е пример за тотална војна, каде што се вклучени и фронтот и бомбардирањето на цивили. Атомската бомба, млазниот авион и радарот се само некои од изумите за време на војната.

Поствоена Европа била поделена на Западна и Советска сфера на влијание. Првата доживеала економска реконструкција преку Маршаловиот план, додека пак источните земји станале сателити на СССР. Во воена смисла, Западна Европа, во најголем дел била инкорпорирана во НАТО, а Источна Европа во Варшавскиот пакт, сојузи меѓу кои се водела подоцна Студената војна. Во Азија, американската воена окупација на Јапонија довела до нејзина вестернизација, додека пак Кина била поделена на комунистичка Народна Република Кина и националистичка Република Кина (Тајван) по кинеската социјалистичка револуција во 1949.