Аир само за богатите: За максимален повраток на ДДВ треба да трошите во просек 3.000 евра месечно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


50 милиони евра е бројка која се поклопува како сума која ја најавија од Министерството за финансии како износ кој со враќањето на ДДВ ќе се врати кај граѓаните и сума која ќе се враќа со споменатата мерка кај граѓаните пресметана и објавена уште во март од Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think).

Во зависност од даночната стапка, за да го остварите максималниот годишен поврат на ДДВ од 28.800 денари ќе треба да потрошите меѓу 17.000 и 62.000 евра годишно, покажува пресметката.

Доколку купувате само производи кои се даночат со стапка од 18% тогаш пресметката вели дека за да вратите 28.800 денари (колку што е предвидениот максимум) за една година, вие ќе мора да потрошите точно 17.344 евра за една година или да трошите по 1445 евра секој месец само на производите кои се даночат со стапка од 18%.
Но поголемиот дел од храната и уште некои производи кои најчесто се купуваат се даночат со повластена даночна стапка од 5%.

Во таков случај, кога би сакале да го направите максималниот годишен поврат на ДДВ од 28.800 денари, само од купени производи кои се даночат со стапка од 5%, тогаш вие за една година ќе треба да потрошите фантастични 62.439 евра или секој месец во продавница да оставате по повеќе од 5.200 евра.

Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49,5 милиони евра.

Семејство чија потрошувачка кошничка месечно изнесува 32.670 денари ќе може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година. Повратот на ДДВ ќе биде тешко за оние кои земаат просечна плата и уште потешко за оние кои земаат минимална плата.

Според последните податоци за декември лани, социјалната потрошувачка кошничка која се мери со просечната исплатена нето плата, изнесувала 32.670 денари. Пресметано на годишно ниво тоа значи дека четиричлено работничко семејство, кое нема автомобил, за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување на здравје годишно троши по 392.040 денари (6.370 евра). Тоа семејство, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

Социјалната потрошувачка кошничка можат да ја покријат само семејствата со две просечни нето плати или со една просечна и една минимална плата. Семејствата со две минимални плати не се во можност без да се откажат од нешто да преживеат и со синдикалната потрошувачка кошничка. Според тоа, тие и најмалку ќе добијат од колачот што се вика поврат на ДДВ.

Просечна нето плата во земјава земаат околу 17 отсто од вработените, додека 75 отсто од нив земаат плати под државниот просек.