Американската јавност врие поради оваа фотографија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската јавност зовре од револт откако на тамошните групи и профили од социјалните мрежи беше објавена и споделувана фотографија од двајца тексашки полицајци на коњи како водат Афроамериканец врзан со јаже низ град.

Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстон. Бидејќи немале патролно возило, полицајците закачиле јаже за лисиците и го повеле со себе четириесет и тригодишниот маж.

Тоа предизвика револт, особено меѓу Афроамериканците на социјалните мрежи кои наведоа дека сцената е безобразна алузија и потсетување на времето на ропството од 19 век и начинот на кој се третирале црнечките робови во овој мрачен период од американската историја.

Следеше извинување на шефот на локалната полиција кој наведе дека приведувањето претставувало „непотрабно срамотење“.

„Верувам дека нашите полицајци лошо процениле во овој случај и дека можеле да причекаат друга единица со автомобил“, се наведува во соопштението и се додава дека полицајците немале лоша намера.

Приведениот маж подоцна бил ослободен со кауција.