Амнестираниот Тарчуловски излезе на протестите пред Собрание


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, кој беше амнестиран на крајот од минатата година за случувањата во Собранието на крвавиот 27 април, излезе пред Собрание на протестите против уставните измени.

Тарчуловски е еден од пратениците кој на крајот од декември доби ослободување од одговорноста за настаните во Собранието на 27 април со законот за амнестија. Тој беше меѓу оние обвинети кои ја искористија законската можност и поднесоа барање за амнестија.

„Јас сум каде што е народот. Пред собрание“ – напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.