Ангеловски и Несторовски едногласни: Одиме на победа против Австрија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација утре игра уште еден квалификациски дуел, овојпат против репрезентација на Австрија.

Нашиот национален тим ќе се обиде да се рехабилитира од „несреќниот“ пораз против Полска и да оствари позитивен резултат против Австрија.

„Подолго време играме добро, обично постигнуваме голови на секој меч, за жал тоа не беше случај против Полска, загубивме од еден случаен гол на Пјонтек. Имавме неколку шанси, не успеавме да им дадеме гол, се надевам дека ќе го направиме тоа против Австрија“, изјави Несторовски.

„Австрија е квалитетна репрезентација, негуваат бундеслигашки стил, ја анализиравме нивната игра на последниот меч против Словенија, ние повторно ќе играме агресивно и офанзивно, со желба да стигнеме до триумф. Јас сум задоволен од тоа што го одигравме против Полска. Се надеваме дека против Австрија ќе дојдеме и до резултат“, истакна селекторот Ангеловски.