„Ансу, од која планета си?“ – Видете какви чуда правеше 16-годишното чудо од дете на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Насловната страна на каталонскиот „Спорт“ за неделното издание е резервирана за тинејџерот од Барселона, Ансу Фати, пишува Спортски.мк.

Ансу Фати вчера беше стартер за Барселона против Валенсија и после седум минути игра постигна гол и запипа асистенција за Френки Де Јонг.

Фати со 16 години и 318 денови стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига кој постигнал гол и асистенција во еден натпревар.

Што е за Барселона уште поважно, се изгледа дека Лионел Меси добива вистински наследник и дека Каталонците и во наредните години во своите редови ќе имаат фудбалер кој секогаш ќе биде помеѓу најдобрите, барем така изгледа засега.


„Ансу од која планета дојде“, стои на денешната насловна на „Спорт“.

Тинејџерот заслужено се најде на насловната страна, додека медиумите од Мадрид очекувано му посветуваа помало внимание.