Актуелно

Архитектот Георги Константиновски пронајден жив

Откако претходно беше пријавен за исчезнат ноќта меѓу минатиот петок и саботата, архитектот и професор во пензија Георги Константиновски денес е најден жив во Бардовци, пренесе Плусинфо.

Георги се водеше како исчезнат од ноќта меѓу петокот и саботата. Во меѓувреме во Брза помош било пријавено дека е донесено тело најдено во Бардовци, но за среќа, најдениот човек бил жив, а тоа всушност бил Константиновски.

Според непотвредени информации на порталот, Константиновски бил најден паднат во некој двор.

Advertisements
To Top