Аријана и Бојан Коскарови на престижната листа „30 под 30“ од влијателниот Forbes


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аријана и Бојан Коскарови се брат и сестра од Македонија, основачи на моделот за иновативно неформално образование „Creative Hub“, благодарение на кој Frobes ги вброи на нивната престижна листа „30 under 30“ за Европа во категоријата „Социјални претприемачи“.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се експерти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Нивниот тренинг-модел го лансираа во август, 2017 година и истиот, за неполни 2 години, успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Благодарение на овој нивен иновативен концепт, Forbes ги вброи меѓу 30-те најуспешни „социјални претприемачи“ на европско тло во нивната престижна елитна листа на успешни претприемачи под 30 години.