Avengers: Endgame ќе биде најдогиот филм од франшизата на Marvel


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Avengers: Endgame ќе биде најдолгиот филм досега излезен од продукцијата на франшизата со хероите од Marvel.

Avengers: Endgame ќе трае импозантни 182 минути (3 часа и 2 минути), со што ќе го сруши претходниот рекорд во времетраење на филм од Marvel Cinematic Universe (MCU) од 149 минути кој го држеше Avengers: Infinity War од 2018.

Во новото продолжение од сагата за Avengers, преостанатата екипа од „одмаздниците“ ќе се обидат да го победат Thanos откако тој го има збришано половина од универзумот.

Актерот Крис Еванс веќе потврди дека ова ќе биде негово последно појавување во улогата на Captain America. Исто така, се зборува дека Крис Хемсворт и Роберт Дауни Јуниор ќе се повлечат од толкувањето на улогите на Thor и Iron Man.

Претседателот на Marvel, Кевин Фиге, за Collider изјави дека ова ќе биде совршено филмско остварување. Филмот ќе има временско траење точно колку што треба да има ова филмско дело.

Официјалната премиера на Avengers: Endgame е закажана за 26 април.