Advertisements
Славни

Азалеа на Инстаграм и Азалеа во живо – има разлика!

Дека социјалната платформа Инстаграм одамна престана да биде реален одраз на она што се случува во стварноста на луѓето и нивниот вистински изглед – тоа е веќе непобитен факт.

А споредбата на фотките од планетарно популарната пејачка Иги Азалеа кои сама ги објавува на Инстаграм со оние направени од папараците е уште еден доказ во морето доказен материјал за тоа.

Американско – австралиската раперка можеби е попзната по жешките фотографии на социјалните мрежи отколку по настапите.

Таа на Инстаграм има речиси 13 милиони пријатели , на кои им подарува секојдневно по некоја атрактивна фотографија. Вториот албум го издаде годинава , но секако од 2014 нејзината музичка кариера е во сенка на позирањето.

Според последните папараци фотографии од јахта милионите нејзини обожуватели ќе бидат разочарани , кога ќе се уверат дека фотографиите на Инстаграм очигледно се ретуширани.

На оригиналните фотографии се гледаат наслаги на целулит, додека на ретушираните секојдневно го покажува своето совршено тело.

Advertisements

Најпопуларно

To Top