Барса без Меси има ужасна статистика!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона има големи проблеми кога на теренот ја нема најголемата ѕвезда Лионел Меси, а тоа го потврдува и статистиката.

Поради повреда, Аргетинецот се уште нема настап во новата сезона, а Барселона без него на стартот на новата сезона има скор од една победа, пораз и еден нерешен резултат.

Ако се вратиме наназад, статистиката покажува дека Барселона секогаш има големи проблеми кога Меси отсуствува. Во последните 10 месеци Аргентинецот пропуштил точно 8 натпревари.

Статистиката вели дека Барселона на овие осум одиграни натпревари без Меси забележаа само една победа, притоа запиша 4 порази и 3 ремија.

06.11.2018, Интер – Барселона 1: 1
10/01/2019, Леванте – Барселона 2: 1
01/23/2019, Севиља – Барселона 2-0
13/04/2019, Хуеска – Барселона 0-0
04.05.2019 , Селта – Барселона 2: 0
08/16/2019, Атлетик Билбао – Барселона 1-0
08/25/2019, Барселона – Бетис 5: 2
08/31/2019, Осасуна – Барселона 2: 2