Барса и Јувентус се договорија: Умтити се сели во Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Јувентус постигнале согласност за трансфер на Самуел Умтити во редовите на италијанскиот шампион.

Двата клуба беа силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт, но се чини дека Барселона ја доби трката за Холанѓанецот.

Двата клуба постигнале „џентлменски договор“ така што Јувентус да се отлаже од лецитацијата за Де Лихт, но да има предност при купувањето на Умтити.

Челниците на „старата дама“ се во потрага по играч кој треба да биде замена за легендарниот дефанзивец, Џорџо Киелини, а во клубот веруваат дека Умтити е идеална опција за таа позиција.

Италијанските медиуми открија дека Јувентус во наредните денови ќе испрати и официјална понуда за Французинот, која ќе изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Умтити има договор со Барселона до 2023 година, но Каталонците се цврсто решени да го привлечат Матијас де Лихт за партнер на Жерерд Пике, со што ќе му ја отворат излезната врата на Французинот.

Од почетокот на сезоната Умтити се мачи со повреди и одигра само 10 меча за Барселона, но во претходните сезони покажа дека е еден од најдобрите дефанзивци во Европа.