Спорт

Барселона за пет години на засилувања потрошила над една милијарда – ова е топ 10 листата!

Шпанскиот гигант Барселона вчера го официјализираше трансферот на Антоан Гризман.

Барселона го доведе Гризман од Атлетико и за него ја плати клазулата во износ од 120 милиони евра.

После овој трансфер се доаѓа до податок дека Барселона е единствениот клуб кој во последните пет години потрошил над една милијарда евра за засилувања.

Во тие пет години во Барселона пристигнаа: Суарез, Кутињо, Дембеле, Артур, Де Јонг…

Зад Барселона на листата следуваат двата клуба од Манчестер. Сити потроши 996 милиони евра, додека Јунајтед 890 милиони евра.

Меѓутоа освен што Барса потроши најмногу, тие се на третото место по најголема заработка со 637 милиони евра, на таа позиција се најмногу благодарение на трансферот на Нејмар во ПСЖ зза 222 милиони евра.

Треба да се спомене дека Рома е единствениот клуб на оваа листа кој повеќе заработил отколку што потрошил.

Во продолжение погледнете ја топ 10 листата.

Барселона – 1,08 милијарди евра/ 627 милиони евра

Манчестер Сити – 996 милиони евра/280 милиони евра

Манчестер Јунајтед – 890 милиони евра/275 милиони евра

Челзи – 875 милиони евра/723 милиони евра

Јувентус – 868 милиони евра/639 милиони евра

Атлетико Мадрид – 800 милиони евра/752 милиони евра

ПСЖ – 773 милиони евра/356 милиони евра

Реал Мадрид – 755 милиони евра/543 милиони евра

Ливерпул – 714 милиони евра/535 милиони евра

Рома – 586 милиони евра/602 милиони евра

Advertisements
To Top