Бејли замина: „Благодарам за гостопримството, Северна Македонија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе бившиот американскиот амбасадор во Северна Македонија, Џес Бејли, преку порака на Твитер се поздрави од нашата земја на заминување од амбасадорската резиденција на Кале.

„Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“, напиша во поздравната и збогувачка порака Бејли.

Џес Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Во земјава тој пристигна од Анкара каде беше вршител на должноста амбасадор.

На негово место во земјава треба да пристигне Кејт Мери Бирнс, која досега беше во амбасадата на САД во Атина на функцијата заменик-амбасадор.