Advertisements
Актуелно

Бензинот поевтин, дизелот поскап – еве ги новите цени на горивата

Од денес, вторник, 14 мај, граѓаните ќе полнат гориво по нови цени кои ги утврдија трговците со нафта и нафтени деривати.

Според нивната одлука, следејќи ја досегашната методологија на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), бензините поевтинија за 1 денар, додека дизелите поскапеа за половина. Па така 95 се продава по цена од 71,00 денари за литар, горивото со 100 октани ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар.

Дизел горивата исто така ќе се продаваат по нова цена, која е поскапа од досегашната за половина денар. Па обичниот дизел ќе се продава по 64,00 денари за литар, цената за био-дизелот е 65,00 денари за литар.

Advertisements
To Top