Бијонсе, Хилари Клинтон и дел од светската елита на индиската свадба на векот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хилари Клинтон беше гостинка на свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец, на кој свој мини концертен настап имаше Бијонсе.

Викендов се омажи ќерката на најбогатиот човек во Азија и 19- ти најбогат на светот, Мукеш Амбани. Неговата 27 годишна ќерка Иша Амбани се омажи за 33 годишниот Ананд Пирамал, која исто така е син на милијардер од Индија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isha Ambani (@ambani.isha) on

Свадбата почна во домот на невестата , 27 катница ,која за оваа прилика беше накитена со црвено цвеќе. На свадбата имало над 5 000 гости , а аеродромот работел со четири пати зголемен интензитет поради бројните гости кои доаѓале со приватни авиони.

Според Блумберг, свадбата чинела околу 100 милиони долари, но семејството тврди дека не биле потрошени повеќе од 15 милиони.

За споредба , кралската венчавка на Меган и хари чинеше 40 милиони долари. Минатата недела невестата беше старосватица на свадбата на актерката Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас.

Меѓу познатите на свадбата беа поранешната прва дама на САД , Хилари Клинтон, Аријана Хафингтон , жената што го основа Хафингтон Пост, бизнисменот Лакшми Митал и познатиот играч на крикет, Сачин Телдункар. Гостите пристигнале со над 100 чартер летови.

Свадбата почна во средата и траеше до доцна вечерта во неделата , кога мини концерт имаше и популарната Бијонсе. Не е познато колку и било платено за настапот , но сигурно парите не биле проблем .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isha Ambani (@ambani.isha) on

Богатството на Мукеш Амбани се проценува на 47 милијарди долари. Таткото на младоженецот, Аџај Пирамал е исто така милијардер со богатство проценето на 5,4 милијарди долари.