Блерим Беџети обвинува: Премиерот Заев бараше да влијаам за промена на претседател на суд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, тврди дека лично премиерот Зоран Заев вршел притисок врз него да влијае врз дел од членовите на Републичкиот судски совет за смена на еден претседател на суд – барање за кое тврди дека тој го одбил.

Беџети вели дека премиерот Заев му се јавил на 17 јули и побарал помош за смена на претседател на суд, работа која требало да биде завршена до септември.

„Јас ова барање на премиерот Заев го одбив. Две недели потоа се јави Државната комисија за спречување на корупцијата со пријава против мене. Ова е корумпирана комисија. Сигурен сум дека ваквите дејства се последица на тоа што го одбив премиерот да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.

На прашањето зошто притисоците од премиерот Заев не ги пријавил во обвинителството или во МВР, Беџети вели дека заминал на одмор, но дека бил отворен за сите институции.

Беџети е актуелен со дивоградбите на Матка и неговото нереагирање како градоначалник за што ДКСК покрена постапка против него.

Во врска со платформите на Матка, Беџети вели дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а и премиерот Зоран Заев, од него барале да урне само една платформа, а не и другите две. Беџети најави и кривична пријава против претседателката на ДКСК и некои членови.

Градоначалникот на Сарај рече дека ако Владата му ги одземе надлежностите поради дивите платформи на Матка, тој ќе организира референдум на кој жителите на Сарај ќе одлучат за тоа.