Бобан се враќа во Милан со јасна стратегија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Милан, Ѕвонимир Бобан е многу блиску до враќање во клубот од „Сан Сиро“, овој пат со директорска функција.

Според последните информации Бобан има комплетен договор со Милан и во моментов е во процес на раскинување на договорот со ФИФА, каде има функција на заменик секретар.

„Скај Италија“ открива дека Бобан и Малдини имаат јасна стратегија како ќе го водат клубот. Сигурно ќе бидат задржани клучните играчи во тимот како Алесио Ромањоли, Пјонтек и Пакета. Плановите на Бобан се клубот да влезе во параметрите на Финансискиот фер-плеј, но да не биде „жртвувана“ повеќе од една ѕвезда од тимот.

Акцентот на трансферната политика ќе бидат млади фудбалери, но ќе бидат донесени и неколку поискусни играчи.

https://twitter.com/TheMilanBible/status/1137996220482379776

Што се однесува до местото спортски директор, откако отпадна можноста да дојде Игли Таре, клубот ќе се насочи Федерико Масара, кој до неодамна ја извршуваше таа функција во Рома.