Бојан Јовановски под полициска придружба изведен пред обвинителката Русковска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првоосомничениот во случајот „Рекет“ и притворен во рамки на истиот, Бојан Јовановски, во придружба на затворската полиција од Истражниот затвор во Шутка е донесен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да даде исказ во рамки на истражната постапка за споменатиот случај.

Исказ пред ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција треба да даде и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Од тројцата осомничени, само Зоран Милески е во домашен притвор.

Откако ќе измине рокот за увид во доказите за сите осомничени, обвинителката Вилма Русковска има рок од 30 дена да подигне обвинение за случајот „Рекет“.