Боки 13 денес со исказ во ОЈО – до утре ќе се знае против кого ќе има обвиненија за „Рекет“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првоосомничениот од аферата и случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13, денес ќе даде исказ во Основното Јавно Обвинителство, по што истражните органи ќе знаат дали ќе посочи и други вмешани лица во аферата освен досегашните осомничени.

А ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција до четврток ќе поднесе обвиненија за случајот „Рекет“.

Јовановски денеска ќе даде исказ во Обвинителството, бидејќи истекува рокот од 15 дена за увид во доказите и предлагање на негови докази. Минатата недела тој лично во Апелацискиот суд побара да му биде укинат затворскиот притвор поради сериозно нарушена здравствена состојба. Дополнително како олеснителна околност ја посочи завршената истрага за „Рекет“.

„Ниту мојот ментален склоп, ниту мојот лик и дело не укажуваат на тоа дека ќе избегам. Кога бев уапсен, не бегав, туку одев на одмор од седум дена. Живеам да ја докажам вистината и својата невиност, рече Јовановски пред судот.

Завршено е и вештачењето на компјутерите и мобилните телефони одземени од осомничените во рамките на истрагата. Прашањето е – дали Јовановски денеска ќе посочи и други инволвирани лица, покрај досега осомничените?