„Бомба“: Манчестер Јунајтед доби арапски газди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сензационалната вест во фудбалот денеска доаѓа од Саудиска Арабија, Манчестер јунајтед има нов сопственик.

Еден од претставниците на Владата, Моаид Махџуб на својот профил на Линкедин, објави дека инвеститор од Саудиска Арабија откупил мнозински пакет на акции на Манчестер Јунајтед.

Според информациите Мохамед Бин Салман е спремен да издвои астрономска сума од три милијарди фунти, а покрај тоа и да ги плати трошоците за преземање на клубот од семејството Глејзер.

Меѓутоа сега не е се само во рамките на шпекулаци. На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои заедно се наоѓаат еден од првите луѓе на клубот Ричард Арнолд и делегација од Саудиска Арабија.

Семејството Глејзер двапати ја одбиваше понудата од милијарди фунти од Мохамед Бин Салман, ама по се изгледа последната за која пред две недели пишуваа англиските медиуми била неодолива од преку четири милијарди фунти.