Спорт

„Бомба“ од Апенините: Јувентус го сака Јирген Клоп!

Алегри веќе донел конечна одлука, па Јувентус без разлика на исходот на сезоната ќе бара нов тренер на лето.

Имено, Макс Алегри според тврдењата на италијанските медиуми веќе го известил клубот дека неговиот циклус е завршен и дека по пет години ќе го напушти Торино.

Наводно раководството на „старата дама“ веќе ја започна потрагата по наследник на Алегри. Како прв избор медиумите го наведија некогашниот играч на „бјанконерите“ Зинедин Зидан.

Станува збор за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој уште од порано е на радарот на челниците на италијанскиот шампион.

Клоп пристигна во Ливерпул во ноември 2015 година, но се уште не успеа со „црвените“ да освои титула. Сега има голема шанса после цели 30 години да ја врати титулата на од Премиер лигата на „Енфилд“.

Раководството на Јувентус смета дека Германецот би бил идеален тренер со кој би започнале нов победнички циклус. Клоп игра офанзивен фудбал и победнички менталитат што и одговара на „старана дама“.

Сепак, на Јувентус ќе му биде тешко да го убеди германскиот стратег да го напушти Ливерпул, а уште потешко да ги убеди „црвените“ да го пуштат Клоп.

Најпопуларно

To Top