Бразил победи, Кутињо блескаше на отварањето на Копа Америка (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Копа Америка започна изминатата вечер, а на отварањето во првиот натпревар репрезентацијата на Бразил ја совлада Боливија со убедливи 3:0.

Бразилците на свој терен играа и беа фаворити, иако без Нејмар фаворитската улога лесно ја оправдаа.

Домаќинот славеше 3:0 против Боливија, а до победата ги предводеше Фелипе Кутињо кој постигна два гола. Прашањето на победникот беше решено во второто полувреме, Боливија во првите 45 минути ја зачува својата мрежа.

Работите се променија кога во 50-тата минута беше досусен пенал за Бразил, а сигурен изведувач од белата точка беше Кутињо, само три минути подоцна беше 2:0 и повторно стрелец беше Кутињо.

Конечните 3:0 беа постевени во самиот финиш кога Фернандињо беше асистент, а голот го постигна Евертон.

Извор: Спортски.мк