Брутално добро соло: Дејвид Гилмор во Помпеја 45 години подоцна ја „скина“ Comfortably Numb


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред скоро 48 години Pink Floyd ја снимија веројатно една од најдобрите изведби во живо на сите времиња на остатоците од античкиот театар во Помпеја, која зазеде значајно место во музичките антологии.

45 години подоцна, во 2016 годна, гитаристот на култните Pink Floyd, Дејвид Гилмор, се врати на истото место и ја воодушеви публиката со неговата изведба на Comfortably Numb.

„Pink Floyd: Live at Pompeii“ е концертен филм од 1972 година, кој истовремено се смета за еден од најдобрите концерти на Pink Floyd, снимен на античкиот римски театар во древниот град Помпеја кој бил целосно уништен од ерупција на блискиот вулкан Везув. Гитаристот на Floyd, Дејвид Гилмор, се врати на рушевините од Помпеја и буквално ја растури Comfortably Numb, особено нејзиното епско соло.

Снимката е направена во 2016, како дел од концертот во живо на Дејвид Гилмор издаден во DVD издание, а пред неколку дена истата беше одново објавена на неговиот официјален YouTube канал.

Според мнозинството обожаватели на Pink Floyd (а ги има во огромен, милионски број ширум цел свет) оваа изведба на Гилмор на гитарското соло од песната е најдобра во историјата.