Честа навика на успешните луѓе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Саботно попладне е во Сан Франциско, а Тим Ферис е во својот дом подготвуваќи ја опремата. Ова е веќе 116-та епизода од неговото радиско шоу, а на другата страна на линијата го очекува Кејси Неистат.

Кејси е ЈуТјуб сензација. Тој, како и сите досегашни гости, е човек со огромно следбеништво и успеси зад себе. Интересот на Тим Ферис? Да ги разобличи митовите зад успехот, и да види одблизу кои се навиките врз кои овие џинови го изградиле својот живот.

4.7.slavko-tekst

Приказните се често слични и наративот е оној на губитникот кој навидум преку ноќ станува победник.
Тим Ферис ја дели истата приказна. Откако ја разработува својата компанија за фармација следуваат 3 книги на врвот на Њу Јорк Тајмс листата, неверојатно популарен блог, успешни инвестиции во огромни компании како Твитер.

Но она во кое Тим Ферис цврсто верува, а неговите гости само го потврдуваат, е дека успехот е неизбежен резултат на секојдневните навики и ставови кои еден човек ги гради.

Тој никогаш не се случува преку ноќ туку е огледало на секојдневието. Порано или подоцна, ако вистинските навики и ставови се присутни, епилогот е скоро секогаш сличен.

Навиките на Тим Ферис

Тим е мој виртуелен ментор. Веќе со години. Внимателно ги следам неговите текстови и совети, обидувајќи се, колку што можам да присвојам некои од неговите навики. Па така, ако би морал да издвојам едно нешто кое Тим постојано го практикува, тоа би бил утринскиот ритуал.

Накратко, секое утро пред да го започне денот, Тим прави утрински ритуал кој се состои од 5 навики. Совршен старт на денот, би рекол тој, е кога ќе успее да ги заврши сите пет.

Неговите гости говорејќи за своите добри навики, често знаат да ги набројат истите 5 во идентична или пак слична форма.

Утринската рутина

Иако звучи наивно за оние кои се повеќе скептични, позадината на утринскиот ритуал е навистина слоевита.

Најпрвин, идентична рутина секое утро дава чувство на контрола врз денот. Без разлика што се случува и што денот носи, утрото е потполно во ваши раце. Па така, не е воопшто чудно што воената традиција високо цени одредени тривијалности на почетокот на секој ден.

Најпрвин Тим Ферис го мести својот кревет. Полека, и совршено.

Идејата е дека една мала одлично завршена задача наутро полека создава моментум и елан за продуктивен ден, прераснувајќи во низа одлично завршени задачи.

4.7.slavko-tekst3

Потоа тој прави утринска гимнастика. Неговите гости практикуваат разни форми на утринска активност, па така додека едни прават јога други започнуваат со вежби за отпор. Тим практикува висење на вратило и мали движења кои ќе му овозможат да биде повеќе присутен и подобро да го чувствува своето тело.

Трето на листата е подготовката на чај. Вистински фанатик за чаеви Тим има развиено низа рецепти. Подготовката му носи смиреност и ја отргнува вештачки создадената итност која секојдневието ја носи.

Чајот, исто така, пријатно делува и на организмот особено доколку е бленд на неколку планински источни тревки. Како алтернатива, доста од неговите гости го посочуваат Fit Tea.

4.7.slavko-tekst2

Додека чајот се лади, Тим медитира. Петнаесеттина до дваесет минути, едноставни вежби за медитација. Она што тој го препорачува е Headspace. Од лично искуство, можам да потврдам дека апликацијава е одлична можност за подобрување на свесноста.

Најпосле, Тим го пие својот чај додека пишува страна или две во својот дневник. Нафрла се што доаѓа на ум… Како се чувствува, што сака да постигне со денот, рандом мисли кои навираат.

Ова, вели тој, му помага да исфрли се од него, да ја подобри свесноста, и да го започне денот навистина слободен и искрен со себе. Со време, оваа пракса ве прави поискрен со себеси, а тоа носи низа придобивки во секојдневието.

4.7.slavko-tekst4

Оваа рутина, како што вели Тим, служи за поставување креативни загради врз себеси. Дава структура на утрото а со тоа и денот, ве доближува до себеси, зголемувајќи ја свесноста. Прави да сте повеќе присутен сега и овде, и неизбежно го подобрува фокусот и продуктивноста.

Штом забележам смирен, балансиран и свесен човек, веднаш знам што да барам- вели Ферис. Веднаш ме интересира како го започнува денот. И додека се случува да научам нешто ново, најчесто ќе препознаам одредена варијација на тоа како јас го започнувам своето утро.

Автор: Славко Дешиќ