Четири зачувани примероци од легендарната „Магна карта“ прв пат на едно место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четирите зачувани примероци од „Магна Карта“, која потекнува од 1215 година, првпат се прикажани заедно во Британската библиотека во Лондон. Како повод за тоа беше одбележувањето на 800-та годишнина од објавувањето на овој документ.

„Магна Карта Либертатум“ („Голема повелба на слободата“) претставува еден од најзначјаните документи во човековата историја и се смета за првиот изработен Устав во светот.

„Магна Карта“ е донесена по големата борба на англиското благородништво со англискиот крал Џон за ограничување на кралската власт и неговиот апсолутизам.

Во правната наука и во политиката, оваа „Повелба“ се смета за првиот чекор кон уредувањето и воспоставувањето на парламентарната демократија, а особено за изградбата на принципте дека никој не е над правото и законите, вклучувајќи го и кралот.

03.02.magna-karta-primeroci1

Два примероци од „Магна Карта“ постојано се чуваат во Британската библиотека во Лондон, а по еден во катедралите во Линколн и во Солзбери.

Истраувачите на овој документ веруваат дека откако тогашниот англиски крал го ставил кралскиот печат на „Повелбата“, биле изработени 250 примероци на „Магна Карта“, кои биле испратени до тогашните правници и црковните високодостојници за да ги чуваат и да се потсетуваат на нејзините одредби.

Се верува дека до денес се зачувани само 17 примероци.

Повеќе од 40.000, избрани со специјално организирана лотарија, можеа да ја разгледаат „Магна Карта“, а само 1.125 успеаја за три дена да ги видат заедно на едно место четирите зачуваните оригинални примероци на „Големата повелба на слободата“.

На 15 јуни годинава во Велика Британија ќе се одржи централната прослава од донесувањето на овој исклучително значаен документ за англиската и светската историја.