Четврток носи снег


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска времето ќе биде облачно, попладне со повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка.

Максималните дневни температури ќе се движат од -3 во Маврово, -1 во Берово, 1 во Крива Паланка и Охрид, до 2 Целзиусови степени во Скопје, 3 во Кавадарци, Гевгелија 6 степени.

И утре времето ќе биде претежно облачно, претпладне со локални врнежи претежно од снег и дневни температури во Скопје 5, Маврово 0, Охрид 3, Берово и Крива Паланка 2, Кавадарци 5, Гевгелија 8 степени.