„Чудовиштето кое целосно ни го затвори погледот од тераса и ни го претвори во затворски“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чудовиштево целосно ни го затвори погледот кој допираше до Шара и ми го претвори погледот од тераса во- затворски. Три пати подолга од сите други згради во таа низа и два ката повисока.

Во моментов покриена со лимен покрив кој прави ужасна рефлексија кон нашата зграда, додека сите околни покриви – се мат. Се` што важи како правило за другите за овој монструм – не важи. Пред него чучат последните мохиканци на улицава кои се тотално преклопени од грдосијава. Доколку и тие кренат раце – на само неколку метри пред монструмот ќе никне друг. Тогаш нововселените ќе сфатат за што зборуваме. Носот ќе им удира во ѕид. Сега засега сите се прават наудрени. Вози Мишко додека се може!

Нашата воља, загриженост и приговори како жители на Дебармаало и непосредни комшии на оваа грдосија се сосема дезавуирани. Ние сме неважни џавкала додека некој си полни џебови и го урива квалитетот на живеење на цел кварт. Саша Богдановиќ Петре Шилегов Во Одбрана на Дебар Маало Andrej Zernovski. Ќе прошета ли некој кондури до овде, макар да види што се случува?“

Мимоза Петревска