Crossroad Blues Band „во чест на Сале Блузмен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со јавна објава на нивната Фејсбук страна, прилепските автентични блузери „Crossroad Blues Band“ најавија свирка во чест на нивниот прерано починат пејач и култна појава која растураше блуз на усна  хармоника, Александар Дворчанец познат како Сале Блузмен.

„На 20 ДЕКЕМВРИ се навршуваат 40 дена откако Sale реши да свири и пее некаде на друго место…
Во негова чест, CROSSROAD BLUES BAND организираат музички ПОМЕН!
Затоа што музиката за Сале беше живот, а БЛУЗОТ го живееше.
Го испративме со музика и низ музиката што ја создаваше ќе продолжи да живее засекогаш!“