Да се трупа злато „на големо“: Срушен 48 години стар рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата 2018 година централните банки имале рекордна побарувачка на златни резерви издигнувајќи го нејзиниот пораст на највисоко ниво, повисоко од рекордната 1971 година.

Централните банки во текот на 2018 година купиле 651 тон злато, што е зголемување на куповината во однос на 2017 за цели 74 отсто.

На тој начин централните банки обезбедиле околу 34 илјади тони моментални резерви на злато, што претставува највисоко ниво на осигурување во последните 48 години.

„Купувањето злато ќе им помогне на банките да ги диверзифицираат своите девизи во време на политичка нестабилност и сигнализираат зголемена доверба во вредноста на златото“ – се наведува во анализата на Блумберг.

Освен политичките ризици, некои аналитичари сметаат дека причината за зголемената побарувачка за златото лежи и во стравот од избивање на нова светска финансиска криза.

Најактивни пазари за купување на злато минатата година биле руската и турската централна банка кои купиле 273 тони, односно 51 тон злато. Однесување на руската централна банка се поврзува со планот таа институција додатно да ја намали изложеноста спрема доларот за да се амортизираат санкциите кои САД и европските сојузници ги воведоа кон Москва.

Цената на златото на светските пазари порасна во последните три месеци за девет отсто на моменталните 1.321 долари за унца.