Дали Елмас со оваа фотографија го откри новиот клуб (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас владее голем интерес и од ден во ден се појавуваат нови информации кои го поврзуваат Елмас со заминување од Фенербахче.

Многу европски гиганти се заинтересирани за Елмас, а последните информации кои пристигнаа од Италија говорат дека „дијамантот“ сака трансфер во Интер.

Меѓутоа, за неговиот потпис е заинтересиран и градскиот ривал на Милан, а Елмас со една фотографија на социјалните мрежи додатно ги разгоре шпекулациите.

Имено, неговиот татко Џеват Елмас моментално се наоѓа во Милано, а фудбалерот објави фотогафија фотографија од музејот на Милан.

Дали неговиот татко заедно со агентите е во Милано за да преговара за трансфер или само туристички, останува да видиме.