Дали памтите нешто што ви се случило до шестата година од животот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога ќе ги натерате луѓето да се обидат да се потсетат на некој настан, случка, ситуација што им се случила до шестата-седмата година од животот, повеќето од нив ќе сфатат дека не памтат ништо од првите три години од животот. Многумина од нив ќе се сепнат од фактот дека многу малку или речиси ништо не памтат од нештата кои ги доживеале до седмата година.

Кога размислуваме за најраното детство, најчесто не сме сигурни дали се тоа сеќавања или работи што ги знаеме врз база на фотографиите и приказните што сме ги слушнале од родителите.

Овој феномен се нарекува детска амнезија, а психолозите буквално цел еден век се обидуваат да ја утврдат причината за таа појава.

Иако можеби ќе си помислите дека причината за ова е недоволно развиената меморија кај децата, тоа не е единствената причина. Новите истражувања покажале дека и шестмесечните бебиња имаат краткорочно помнење, а тоа може да трае од неколку минути до неколку месеци, додека децата во предучилишна возраст помнат работи околу една година, па ги забораваат.

Научниците сметаат дека детската амнезија не е поврзана со создавањето сеќавања, туку со одржувањето. Делот од мозокот задолжен за создавање сеќавања се развива до седмата година, а промените што се случуваат во тој период се виновни за бришење на спомените.

За создавањето на сеќавањата многу е важен јазикот. Децата на возраст помеѓу една и шест години напредуваат брзо и го учат јазикот, па дури потоа се стекнуваат со способност да го дефинираат светот што ги окружува. Според научниците, токму неможноста да ги изразат со зборови работите е причина заради којашто не ги задржуваат.

Експертите и понатаму ја истражуваат детската амнезија и нагласуваат дека дури и случувањата на коишто не можеме да се сетиме, оставаат трага и го формираат нашето однесување.

Првите неколку години од животот, оние коишто ги забораваме, неверојатно многу влијаат на тоа во какви личности се развиваме.

Па ајде, обидете се да се сетите на нешто од детството. Кои се вашите први сеќавања?