Дани Велбек заврши со Арсенал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голема е веројатноста Дани Велбек да го одиграл последниот натпревар во дресот на Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.

Еминентниот „Скај Спорт“ пренесува сека лондонскиот клуб нема намера да му понуди нов договор на напаѓачот и тој сигурно ќе си замине на крајот на сезоната, бидејќи му истекува договорот.

Пред еден месец 28-годишниот напаѓач беше опериран поради тешката повреда и му претстои долг период на рехабилитација, па се очекува да се врати дури наредната сезона.

Велбек пристигна во Арсенал во 2014 година, кога „топџиите“ за 16 милиони фунти го купија од Манчестер Јунајтед.

Велбек на лето ќе биде слободен агент, па сигурно многу клубови ќе бидат заинтересирани да го донесат без обештетување.