Де Геа конечно стави потпис, ќе биде најплатен на „Олд Трафорд“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека сагата околу Давид де Геа е конечно готова и дека шпанскиот голман ставил потпис на нов 4-годишен договор со Манчестер Јунајтед.

Двете страни веќе подолго време беа во преговори за продолжување на соработката, па Манчестер Јунајтед се согласи да ги задоволи финансиските барања на голманот.

Имено, според новиот договор Де Геа ќе биде најплатен фудбалер на „Олд Трафорд“ со 15 милиони евра нето по сезона.

Шпанецот влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ мораа да ги задоволат неговите барања бидејќи можеа да го загубат без пари следното лето.

Медиумите на Островот тврдат дека Де Геа ставил потпис на четиригодишен договор со опција за уште додатни 12 месеци и наскоро се очекува официјализација.