Де Геа уште еднаш му кажа НЕ на Јунајтед, ПСЖ спрема понуда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа ја одбил и последната понуда на „црвените ѓаволи“ за продолжување на договорот.

Англиските медиуми пренесуваат дека со ова Шпанецот испратил порака до раководството дека нема намера да потпише нов договор ова лето. Договорот на Де Геа истекува следното лето, па ваквата одлука го носи Манчестер Јунајтед во деликатна ситуација.

Сега клубот од „Олд Трафорд“ треба да реши дали да го продаде голманот ова лето, или да ризикуваат следната година да го загубат Де Геа без обештетување.

Главна причина поради која Де Геа одбива да го продолжи договорот е што „црвените ѓаволи“ не се спремни да му ја понудат сумата која му ја нуди ПСЖ – 350.000 фунти неделно.

„Сан“ пренесува дека ПСЖ спрема понуда од 60 милиони фунти која ќе биде испратена во наредните денови. Доколку Јунајтед ја одбие таа понуда, „светците“ ќе чекаат следното лето да го донесат шпанскиот голман без обештетување.

Наводно ПСЖ му ветил многу поголема плата на Де Геа доколку следната година пристигне во Париз како слободен агент.

https://youtu.be/2JRbmVpE0Nc