Де Лихт: После мечот со Атлетико си реков – ова не сум јас!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најскапото засилување на Јувентус, Матијас де Лихт зборуваше за проблемите кои ги имаше при адаптацијата на италијанскиот фудбал.

Де Лихт минатата сезона ги импресионираше сите со своите настапи во Ајакс, но на почетокот има потешкотии во Јувентус.

„Критиките се дел од играта, за жал таков е животот на секој дефанзивец. Тенка е границата меѓу добар и лош настап, јасно е дека би сакал да можев да го избегнам моментот со пеналот, но на крајот победивме и тоа е најважно. Идејата беше полека да се адаптирам покрај Киелини и Бонучи, секако е поубаво да се игра повеќе, но ваквата минутажа е голем предизвик“, изјави Холанѓанецот.

„После мечот со Атлетико во ЛШ си кажав дека тоа не сум јас. После тоа почнав да играм со поголема самодоверба и мислам дека почнав да се подобрувам“, додаде Де Лихт.