Денес Иванов ќе го има последното новогодишно обраќање во овој мандат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес пред пратениците во македонското Собрание ќе го оддржи последното новогодишно обраќање. Во март на Иванов му истекува вториот мандат и според Уставот тој веќе нема право да се кандидира за следните претседателски избори.

Иванов годинава веќе одржа два говори во кои јасно ги кажа своите позиции против Договорот од Преспа, уставните измени и против законот за употребата на јазиците.

Претседателот Иванов минатата недела го потпиша Указот за Законот за амнестија за обвинетите во случајот „27 април“.