Денес календарски почнува зимата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија и на целата северна хемисфера на Земјата календарски зимата започнува денес, на 21 декември, во 17: 28 часот. Во исто време на јужната Земјина полутопка започнува летото.

На почетокот на зимата, односно денес денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 06:57 часот, а ќе зајде во 16:05 часот. Најкусиот ден во годината ќе трае 9 часа и 8 минути.

Зимата ќе трае до 20 март 2019. година во 17:15 часот или поточно 89 дена, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.