Денес продолжува потрагата по авионот „цесна“ кој се сруши кај Солунска Глава


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипи од Минстерството за внатрешни работи и припадници на другите надлежни институции во чиј домен се вакви несреќи и ситуации, денеска ја продолжуваат потрагата по остатоците од малиот приватен авион „цесна” кој вчера попладне се урна кај Солунска Глава при што загина четиричлено семејство државјани на Бугарија.

Акцијата беше прекината синоќа поради лошите временски услови и непристапниот терен.

„Авионот „цесна“ за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е лоциран синоќа нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, информира синоќа на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој посочи дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Лоцирани се преку воздушен простор, но временските услови на локацијата биле лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до авионот, тоа синоќа било невозможно поради непристапниот терен.

Телата на загинатите Бошнаков Ангелов Георги (1970), сопственик на авионот, неговите ќерки Бошнакова Георгиева Гергана (2005), Бошнакова Георгиева Билјана (2000) и неговата сопругаКорнајева Цонева Калина (1972) вчера беа пронајдени во близина на местото на несреќата.

Авионот во 16,16 часот бил изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот бил изгубен западно од Солунска Глава.  Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија. Пилотот пријавил дека има силни турбуленции.