Денес Регулаторна прв пат ќе ги одреди цените на горивата според новата методологија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако веќе ја усвои новата методологија според која ќе ги одредува цените на горивата, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денес за прв пат ќе ги дефинира максималните малопродажни цени на горивата во земјава според истата.

Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. Покрај тоа, трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.

И со новата методологија, курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта и на нафтените деривати на светските берзи остануваат главни критериуми од кои зависи малопродажната цена на горивата на бензинските пумпи низ земјава.

Со донесувањето на новата методологија престанува времената либерализација на пазарот на горивата во земјава што траеше две недели поради не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов кои беа неопходни за да се донесе подзаконскиот акт за одредување на новата методологија.