Advertisements
Спорт

„Дежаву“ во Париз: Надал преку Федерер во финале!

Тениската класира во Париз му припадна на Рафаел Надал, кој со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 6:2) го победи најголемиот ривал Роџер Федерер.

Шпанецот направи ран брејк и тоа му овозможи да го добие првиот сет со 6:3, а иако Федерер тргна максимално агресивно во вториот сет кој го отвори со 2:0, сепак не можеше да го издржи наметнатото темпо од Рафа кој направи пресврт.

Третиот сет беше само формалност за Надал кој успеа да стигне до 12-то финале на вториот Грен-слем во сезоната.

Во финалниот меч в недела, Надал за противник ќе го има победникот од второто полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Тим кое се игра попладнево.

Advertisements
To Top