Џек Ма е манијак за работа: „12 часа дневно, 6 дена неделно е идеално работно време“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како да живееме во паралелни светови, на различни планети, така испаѓа работава. Во исто време, на една страна од светот, во скандинавските држави, на големо се размислува и разгледува намалување на бројот на неделни работни часови, додека на другата страна од светот, кинескиот милијардер Џек Ма упорно тврди дека системот „996“ е најидеален за работно време во неделни рамки.

Според него, овој систем кој подразбира работно време од 12 часа дневно, 6 дена во неделата, е идеалната работна сатница клучна за успех во кариерата и животот, пренесува Фактор.

Откако со ова негово тврдење навлече лавина од негативни коментари и критики, тој потврди дека и понатаму смета дека 12 часа работа шест денови неделно се рецепт за успех.

Кинескиот милијардер и коосновач на гигантот Алибаба тврди дека е најдобро да работите секој ден од 9 утрото до 9 вечерта. За чудо, еден ден дозволува да се потроши на одмор. Се работи за системот 996 за кој доста се зборува во Кина, бидејќи многумина сметаат дека без работа од 9 до 9, 6 дена неделно оваа земја не би напредувала толку брзо. Џек Ма е еден од луѓето кои го делат ова мислење.

Неговото мислење го дели уште еден кинески милијардер Ричард Лиу, кој е сопственик на порталот jd.com. Но, додека Ма 996 системот го нарекува „благослов“, Лиу смета дека растот на кинеската економија зависи од бројот на работохолици.

Дали и колку вреди да се работи по системот „996“?

Имено, Кина доживеала огромен економски раст од крајот на 70-тите до средината на 2000 тите години. Растот бил просечно 10% за да во последните години доживее забавување на 6%. Тоа веројатно е резултат на промената во начинот на живот каде Кинезите повеќе не сакаат да работат по цел ден за компанијата.

Џек Ма може да каже дека нему би му се исплатило да има работно време до 12 часа, бидејќи може да оди во (богаташка) пензија, како што најави неодамна. Неговата компанија моментално вреди околу 490 милијарди долари, додека богатството на Ма се проценува на 40 милијарди.