Didymus на Александра Ацеска се сели во Кичево


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изложбата на младата уметничка Александра Ацеска насловена „Didymus“ од утре се сели во Кичево. Во Петок 03.05.2019 год. со почеток во 20 часот, ќе се одржи изложбата во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“. Влезот е слободен.

Изложбата насловена DIDYMUS (Близнакот) е втор самостоен проект на авторката, а во изминатиот период можеше да се види во нејзиниот Прилеп. Александра Ацеска е родена во Прилеп, а дипломирала сликарство во класата на проф. м-р Благоја Маневски со модул графички дизајн во класата на проф. м-р Ладислав Цветковски на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во 2017 година.

Нејзиното поле на интерес и истражување е на границата помеѓу видливото и невидливото, духовното и неговата манифестација во материјата и табуата на новото време (традиција, религија, фамилијарни и интерперсонални односи), а тоа го доловува со експериментирање со природни материјали и несекојдневни техники на творење.

Инаку, проектот е инспириран од дваесет и втората изрека во Житието по Тома (еврејски. תאומא; грчки. Διδυμος, Томас или Близнакот)

„… Јасу им рече : „Кога ќе направите од двете едно, кога ќе направите внатрешното да е како надворешното и надворешното како внатрешното, горното како долното и кога ќе биде машкото и женското едно, така што машкото нема да е машко, ниту пак женското да е женско, кога двете очи ќе гледаат едно и двете раце ќе бидат како една, двете нозе како една, сликата на едно место да биде самата слика, тогаш ќе влезете (во царството)“.

Награди

· Награда „Борко Лазески“ Скопје 2017 – за најинвентивен студент на генерација на ФЛУ

· Награден автор на интернационален саем за современа уметност и дизајн ,,Паратисима”, МКЦ, Скопје 2017 – наградена од Паратисима

· Награден автор на интернационален саем за современа уметност и дизајн ,,Паратисима”, МКЦ, Скопје 2017 – наградена од Дримон фестивал и ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам)

Самостојни изложби

· 2018 – PORTA PINUS – Прва самостојна изложба по повод наградата Борко Лазески за најинвентивен студент на генерација, Музеј на град Скопје, Македонија

· 2019- DIDYMUS – ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп, Македонија


Групни изложби

· „Портали“ – Creart (Network of cities for artistic creation), Музеј на град Скопје, Македонија, 2019

· ,,Rencontre Franco – Macedonienne “ групна изложба на македонски и нормандиски уметници, Градски театар (Theatre de L’hotel de Ville), Ле Авр (Le Havre), Франција, 2018

· ,,НЕ!” тактилна изложба приспособена за лица со оштетен вид, НУ Музеј на Македонија, Скопје 2018

· ,,17 Зимски Салон – Спектрални места” изложба на ДЛУМ, (куратор проф. д-р Никола Шуица), НГМ Чифте амам, Скопје, 2018

· ,,Мал формат” изложба на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија), КИЦ, Скопје 2017

· ,,Музеј Дебар Маало” организација Reborn, Скопје, 2017

· ,,Градиме нови генерации” Дримон фестивал, Дом на култура, Струга 2017

· ,,Паратисима”, изложба на интернационален саем на современа уметност и дизајн, МКЦ, Скопје 2017

· „Четирите мајстори на модернизмот“ на студенти на Факултет за ликовни уметници, Галерија ФЛУ, Скопје 2017

· „Темното“ по повод истоимениот проект, на студенти на Факултет за ликовни уметници, Галерија ФЛУ, Скопје, 2017

· „SIAB“ (Student international art Biennale), Галерија ФЛУ, Скопје 2017

· „Драгутин Аврамовски – Гуте“ на студенти на Факултет за ликовни уметности, Галерија ФЛУ, Скопје 2017

· „Видео уметност и уметност базирана на време“ на студенти на Факултет за ликовни уметности, Бош фестивал, Галерија Амам,Гевгелија 2016

· „Видео уметност и уметност базирана на време“ на студенти на Факултет за ликовни уметности, Галерија ФЛУ, Скопје, 2016

· Годишна студентска изложба на Факултетот за ликовни уметности Скопје 2014, 1015,2016 и 2017 г.