Доминација: Овој е најбараниот модел на Lamborghini


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот произведувач на суперспортски автомобили, култниот бренд Lamborghini, изработил 14.022 примероци од моделот Huracan за само пет години, додека за ист број на автомобили на моделот Gallardo му било потребно дури десет години.

Lamborghini Urus е моментално најбараниот модел од италијанскиот произведувач но историски гледано, најпродаван е моделот Huracan, кој се изработува од 2014 година.

Имено, компанијата сакала посебно да го одбележи произведувањето на 14.022-от примерок од овој модел со оглед на тоа дека тоа возило на Huracan му ја донело титулата „најпродаван Lamborghini на сите времиња“. Успехот на Huracan е толку голем што овој резултат бил достигнат за само пет години, додека на досегашниот најпродаван модел, Gallardo, за истата бројка му биле потребни десет години.

Што се однесува до резултатите од продажба за тековната година, Lamborghini во првата половина на 2019 испорачал 1.211 Huracan, 649 Aventador и дури 2.693 Urus модели.

Вкупно за првите шест месеци се направени 4.553 автомобили со ознаката на бикот, што е зголемување од 96% во однос на истиот период 2018.