Жешко

Драми на Мис Бум Бум: Ќе се степаа за тоа која има најубав задник на светот

Бразилската Плејбој зајачица, Сузи Кортез, е нова Мис БумБум – титула за најжежок и најсекси задник на светот, која ја освои на светскиот избор во Мексико Сити.

29- годишната Бразилка позираше во танга со високи чизми во боите на својата земја , а титулата за најубав задник на светот го добива по втор пат. Прв пат победи во 2015.

На изборот на најубав задник, кој се смета за еден од најпрестижните избори на убавина во Бразил и отскочна даска за понатамошни ангажмани, учествуваа девојки од Велика Британија, САД, Канада, Австралија, Шпанија, Франција, Германија, Португалија, Мексико и Бразил.

Титулата ја освои Бразилката, а за први придружнички беа прогласени Рајана Лора Соуза (Франција) и Џесика Лопез (Велика Британија).

Иако самото натпреварување беше доволно возбудливо, имаше и дополнителна возбуда. За напнатоста се погрижи италијанската конкурентка Марјана Петито, која, откако беше прогласена победничката, ја повлече лентата на Сузи, викајќи и дека не ја заслужува.

Но, ова не е првиот скандал што на овој избор за убавина. Минатата година, една натпреварувачка исто така се упати на сцената откако ја прогласиле победничката, го украла појасот и ја обвинила дека има вештачки задник.

Сузи Кортез годинава зеде парична награда од околу 10.000 фунти.

Натпреварот Miss BumBum досега се одржуваше исклучиво во Бразил, но од оваа година, натпреварувачките од целиот свет можеа да се пријават на него и изборот е преместен во Мексико.

Едно од најважните правила на изборот е дека женските натпреварувачи да не направиле никаква операција на задникот, додека естетските корекции се дозволени на другите делови од телото.

Advertisements
To Top