Двајца загинати во сообраќајка на патото Демир Капија-Неготино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Две лица загинаа во тешката сообраќајка која вчера се случи во близина на клучката кај село Тремник, на регионалниот пат меѓу Демир Капија и Неготино.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „хјундаи“, управуван од Е. К. (40) од с. Тремник, Неготинско, и автомобил „фолксваген голф“, управуван од М. Н. (51) од Неготино.

Притоа, Е. К. починал на местото на настанот, а М. Н. починал на патот кон болница. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.